Во рамки на проектот ,,Еднакви можности во културата за сите етнички заедници во Струга“, утре со почеток во 10:00 часот во хотел ,,Београд“ во Струга ќе се одржи средба со граѓанските организации и пошироката јавност.
На средбата ќе се дискутира за потребите на културно-уметничките друштва односно како истите се финансираат и колку се зависни од поддршката од страна на надлежните институции. Организатор на средбата е Youth Dream.
Проектот ,,Еднакви можности во културата за сите етнички заедници во Струга“ има за цел да ги обедини сите засегнати страни кои се релевантни фактори за донесување одлуки, програми и други акти од областа на културата и културните манифестации.
,,Струга е мултиетнички град и во областа на културата треба да бидат застапени и претставени културните манифестации од сите етнички заедници кои живеат во Струга“-велат граѓанските организацции и културните работници.
Проектот го реализира НВО Youth Dream-Struga во партнерство и со поддршка од страна на EU for Civil Resilience финансинан од страна на ЕУ.
Координатор на проектот е Еди Кела.
Strugaonline
Facebook Коментари