Утре во Струга стартува младинскиот шаховски фестивал „Езерска Кралица 2025“

- Локални
20

Оваа година од 05.09 до 08.09 Струга повторно ќе биде домаќин на 6 издание на младинскиот шаховски фестивал „Езерска Кралица 2025“. Фестивалот е во организација на Младинската Шаховска Школа Струга.

Настанот ќе се одржи во хотелот Дрим во Струга во конгресната сала, и ќе учествуваат преку 90 учесници од Македонија, Албанија, Грција, Косово и Црна Гора.

-Оваа ќе биде еден од најмасовните шаховски настани од постоењето на турнирите на Езерска Кралица. Ако во минатото оваа бројка се движеше помеѓу 60 до 70, сега со гордост можам да кажам дека оваа година го соборивме рекордот на учесници на фестивалот. Задоволство ми е што турнирот веќе е Меѓународно етаблиран и што секоја година го посетуваат странски играчи. Со турнирот уште еднаш го промовираме градот и државата и турнирот создава додадена вредност за локалната економија, вели Ѓоко Котески од Младинската Шаховска Школа Струга.

-Младинската Шаховска Школа Струга ќе има свои претставници во сите категорни групи. Им посакувам успех на моите ученици, додава Ѓоко Котески.

StrugaOnline

Facebook Коментари