Утре во Струга традиционалниот триатлон 3 Дисциплини – спринт дистанца

- Локални
9

Утре во Струга ќе се одржи традиционалниот триатлон 3 Дисциплини – спринт дистанца.-Ова е настан на кој може да учествуваат натпреварувачи од сите можни возрасти и нуди иделни услови за почетници и професионалци од овој спорт. Добредојден е секој кој сака да доживее една нова авантура и да се направи себеси горд. Пробајте ги сценските патеки од преубавата Струга и бидете дел од овој несекојдневен настан, велат организаторите.

Пливачкиот сегмент ќе биде во езерото на обележана патека а исто и велосипедскиот и делот за трчање ќе бидат на претходно обележани патеки на крајбрежјето.

Имаат категории за сите возрасти и нивоа на подготвеност.

Стартот и целта ќе бидат на старото-ново место пред Евро Хотел.

StrugaOnline

Facebook Коментари