Со богата програма , утре започнува традиционалниот Вевчански карневал.
Во рамки на активностите најпрво ќе биде отворен Мултикултурниот центар „Коста Србаноски“. Предвидена е изложба со фотографии и уметнички слики од повеќе македонски автори. Во склоп на музичкиот дел, во вечерните часови ќе настапат DJ Face и Жаре бербер.
Маските по традиција се чуваат во тајност, сé до дефилето на двете василичарски друштва Горна и Долна маала, што ќе се одржи во четврток на 13-ти јануари. Вечерта ќе настапат локалниот уметник Перо Бели, а со настап на Елена Јовчевска, Сања Ристеска и Дамјан Стојаноски и спектакуларен огномет, во рамките на манифестацијата, вевчанци ќе ја испратат старата и ќе ја дочекаат новата година според стариот Јулијански календар.
Манифестацијата завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, на 14-ти јануари.
фото: архива
Facebook Коментари