Утревечер е последната изведба на претставата ,,Петар Пан-Големата битка“

- Локални
529
Поради голем интерес, утревечер  со почеток во 20:00 часот ќе се случи последната, шеста изведба на претставата ,,Петар Пан-Големата битка.“
,,Ви се случило ли некогаш да летате на леките крилја на вашите желби и мечти, занесени во некоја возбудлива игра?”
Театарската претстава за деца и младинци ,,Петар Пан – Големата битка” ќе ве однесе на едно возбудливо патување кое засекогаш ќе остане врежано во вашите сеќавања. Дружењето во живо со Петар Пан, Венди, Капетан Кука, гусарите, индијанците и целата Недојдија долетаа во Струга.
Затоа не пропуштајте ја шансата да полетате во магичниот свет на Петар Пан, па дури и на еден час!
Билетите се по 300 ден. и можете да ги набавите од денес во Кингстон и Барабар.
Влезниците се во ОГРАНИЧЕН БРОЈ
Играат: Ѓорѓи Крстески, Дарко Карбески, Мишо Димитријевски, Чедомир Митевски, Виолета Цуцуловска, Иларија Гулеска, Александар Мандоски, Андреј Мандоски, Евгенија Узунова, Викторија Попоска
Режија: Мирослав Петковиќ
Сценографија: Билјана Гулеска, Викторија Попоска
Светло: Бобан Прилепчанецо
Избор на музика и микс: Горазд Колоски
Организација: Дејан Зозоски
Организација на сцена: Бојан Секулоски

Facebook Коментари