Утревечер на летната сцена во Струга хуманитарен настан ,,New Beginnings“

- Локални
597
Утревечер на летната сцена при Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи годишен настан на кој учениците од СОУ Гимназија ,,Ибрахим Темо“ ќе одржат годишен настан со музичка и уметничка програма. Во рамки на истата во музичкиот дел ќе настапат две групи од македонска настава, една група од албанска и една од турска настава.
Во ликовниот дел ќе бидат претставени дела на учениците од оваа гимназија, а ќе има и еколошка изложба на тема рециклирање.
Настанот се одржува во соработка со Црвен-крст Струга, ќе биде поставена кутија за донации и средствата ќе бидат донирани таму каде што е најпотребно.
Почетокот е закажан за 19:оо часот.
Иницијатор на овој настан е професорот Алмир Бајрамоски кој што е и ментор за музичката програма.
Поддршка за овој хуманитарен настан изрази и Општина Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари