Лев банер Десен банер

Вакуум цистерна од 6,4 милиони денари набавена од Општина Струга никогаш не била ставена во употреба

Во 2023 година, Општина Струга склучила договор за набавка на вакуум цистерна наменета за одржување на водоводни и канализациони системи во руралните подрачја, во вкупна вредност од 6.400.000 денари со вклучен ДДВ.

Како што велат од Општина Струга, и покрај значителниот финансиски износ платен од јавни средства, цистерната никогаш не била ставена во употреба. Дополнително, при извршен увид било утврдено дека истата не е функционална и не може да ја извршува својата основна намена.

Оваа состојба отвора сериозни прашања за начинот на кој се управувало со јавните средства, имајќи предвид дека јавни средства се потрошени без реален ефект, услугата за која била наменета цистерната не е обезбедена, проблемите на терен во руралните средини останале нерешени, а последиците повторно ги чувствуваат граѓаните, додаваат од Општина Струга.

Општина Струга денес се соочува со последиците од ваквите одлуки и практики, кои директно влијаат врз квалитетот на јавните услуги и довербата на граѓаните.

Од локалната самоуправа посочуваат дека нивна обврска е ваквите состојби да се прикажат транспарентно, да се анализираат и да се преземат одговорни чекори во интерес на јавноста.

„Ова е дел од реалноста што ја наследивме и причината поради која инсистираме на одговорно управување, отчетност и рационално користење на јавните средства“, велат од Општина Струга.

StrugaOnline

error: