Одделението за соработка со Месните Заедници од Општина Струга за вчера свика Собир на граѓани во с. Мороишта за избор на нова Месна Заедница.

Собирот на граѓани со присуство на претставник од Општина Струга се одржа во домот на с. Мороишта, вчера, 09.02.2025 год. со почеток во 14 часот, каде изборот беше успешен и едногласен благодарение на сите присутни граѓани.
Избрани беа 7 членови на Месната Заедница во с. Мороишта а за Претседател е избран Васко Лазароски – Дипломиран менаџер по туризам и угостителство.
Други членови се: Аргил Карамачоски, Владо Малески, Бобан Глигороски, Бранко Гоќески, Александар Матлиоски и Иван Бежаноски.
StrugaOnline
Facebook Коментари