Лев банер Десен банер

Вчера делегација на ЕУ беше во службена посета на Општина Струга

Како можат општините да имаат корист од Европската Унија и како граѓаните на Струга го гледаат процесот на европска интеграција, ова беа двете главни теми на пријателската и многу конструктивна средба што Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, ја одржа со заменик-амбасадорот на ЕУ, Бен Нупнау, и заменик-шефот на политичкиот и информативниот сектор на Делегацијата на ЕУ, Мартин Шродер.
За време на разговорот се дискутираше за конкретните можности што ЕУ ги нуди за локален развој: средства за инфраструктура, еколошки проекти, иновации, дигитализација и економски раст. Беше потенцирано дека Струга има голем потенцијал да ги искористи овие програми, особено доколку соработката меѓу локалните институции и европската делегација продолжи да се продлабочува.
Од друга страна, Градоначалникот Ќура истакна дека граѓаните на Струга традиционално го поддржуваат проевропскиот курс и веруваат дека интеграцијата во ЕУ е вистинскиот пат кон економски развој, стабилност и повисоки стандарди на живеење.

StrugaOnline

error: