Вчера Фолк вечер, вечерва Интернационална вечер на 31. издание на „Охрид Фест – Охридски трубадури“
Традиционално фестивалот започна вчера со Фолк вечер каде покрај докажаните Благоја Грујовски, Катерина Танева, Благица Павловска, Петар Нечовски, Милица Кузмановска, група „Биоритам“…
Благоја Грујовски со песната „Ноќва Охрид не спие“ и Ленче Кукиќ со „Добри ангели“ се прогласени за најдобри на Фолк вечерта на најновото, 31-во издание на популарниот фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“, која се одржа синоќа на сцената „Долни Сарај“ во Охрид.
Фолк вечер награди:
Публика
1. Благоја Грујовски „Ноќва Охрид не спие“
2. Драган Николовски Даце „Катанче“ и
3. Влатко Миладинов „Песна за Свети Наум“
Жири
1. Ленче Кукиќ „Добри ангели“
2. Група Биоритам „Засекогаш твој“ и
3. Благица Павловска „Химна на љубовта“
Доделени се и следните награди:
– Најдобар дебитант: Катерина Ристова
– Најдобар текст: Катанче на Анита Даева
– Најдобар аранжман: Дејан Георгиевски Ѕене
– Награда за најдобра интерпретација: Горан Кукиќ
– Најтрубадурска песна: „Ќе ти дарам еден цвет“ – Нино Величковски
– Награда „Долни Сарај“: Катерина Танева
– Новинарска награда: Ленче Кукиќ „Добри ангели“
– Награда „Аце Ангелески“: Анета Арсовска
Интернационалната вечер е резервирана за поп- музиката и младите но и за етаблирани имиња од Србија, Хрватска, Босна, Словенија, Бугарија… каде ќе ги видиме Јелена Томашевиќ, Дадо Топиќ, Гоца Тржан, Срѓан Марјановиќ, Брано Ликиќ, Тони Мишел, Принц од Врање…
Охрид- фест ги подржува младите но е познат и како фестивал кој има долга меморија и ги почитува уметниците кои оставиле трага во музиката, не го заборава квалитетот на уметниците кои за адутот го имаат траењето. Во тој контекст, за безвременска песна е прогласена „Одисеја“ што маестрално ја пее Лео Мартин, композиција која го издржа тестот на времето од 1973 година.
Организаторите најавуваат уште изненадувања, а директниот пренос на Интернационалната вечер на „Охрид фест“ е вечерва, од 21 часот на телевизија Канал 5.
StrugaOnline

