Вчера, на ден 19 септември 2024 година, општина Струга во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ја организираше и реализираше првата сесија на форумот во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“.

Целта на ова прва сесија на форумот беше да се прикажат резултатите од мониторингот на квалитетот на воздухот и главните извори на загадување на воздухот во Струга, мерките и активностите за справување со аерозагадувањето и потребите на ранливите групи граѓани за почист воздух.
Учесниците на форумот разговараа за проблемите, предизвиците и можностите за идеи, проекти, предлози и конкретни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во нашата општина.
Предметниот проект имаше период на мониторинг од една година (прибирање податоци) на параметрите за квалитет на воздухот, произлезени од мерната станица. Овие податоци потоа беа испратени во лабораторијата на Факултетот за рударствои геологија во Штип и беа обработени од тим на професори.
Во презентацијата детално беа претставени сите податоци од истражувањето и според нив, во набљудуваниот период март 2023-февруари 2024 година, Струга е најчистиот град во нашата држава.
Општина Струга како партнер во овој проект со внимание ги ислуша сите дискусии и заклучоци кои излегоа од тука, а од друга страна, во наредниот период ќе преземе мерки за зголемување на енергетската ефикасност на училиштата (како што се некои проекти во училиштата на општината) преку искористување на сончевата енергија како обновлив извор, повеќе зелени површини, велосипедски патеки, заштита на животната средина во однос на депонирање на отпадот, свесност на граѓаните за придобивките од чистиот воздух или за опасностите од нечист воздух итн.
StrugaOnline
Facebook Коментари