Вчера се одржа работен состанок со Дирекцијата за заштита и спасување, МВР Струга и Територијалната противпожарна единица Струга

- Локални
443
Вчера, кабинетот на градоначалникот, Рамис Мерко, ги пречека на работна средба претставниците на Дирекција за заштита и спасување, МВР Струга и Пожарна Струга.
Состанокот се одржа по барање на Дирекцијата за заштита и спасување по повод планирање за организирање на меѓународна вежба FSXDGECHO за справување со шумски пожари на територијата на општина Струга, во која ќе учествуваат претставници од Македонија, Албанија, Грција, Црна Гора и Косово.
На овој состанок се дискутираше и за проектот IPA-CBC помеѓу Македонија и Албанија, каде партнери во овој проект се ДЗС, општина Струга, општина Либражд и Националната агенција за цивилна заштита на Албанија.
Овој проект се однесува на интегрираниот систем за откривање шумски пожари на отворен простор. Овој систем е составен од 4 кули, 2 на страната на Македонија и 2 на страната на Албанија. Кај нас, една кула е кај ТППЕ Струга, додека втората се наоѓа на планината во село Богојци. Работата на овој систем ја контролираат Струга, Дирекцијата за заштита и спасување и општина Либражд во Албанија.
Ваков систем за откривање пожар е единствен систем во Македонија и Албанија, кој открива и предупредува за чад и пожари на оддалеченост од 30 километри. Слични системи има само во Полска, Калифорнија (САД) и Канада, кои работат 24/7 и ги известуваат надлежните лица за појава на пожари преку мобилни телефони.

StrugaOnline

Facebook Коментари