Лев банер Десен банер

Вчера во Државното музичко училиште Струга се одржа традиционалната манифестација по повод Денот на јазиците

Вчера во Државното музичко училиште Струга се одржа традиционалната манифестација по повод Денот на јазиците и забава за добредојде за учениците од прва година.
Настанот беше организиран од страна на професорките по македонски јазик, Марија Савеска и италијански јазик, Ѓурѓица Кутаноска, со поддршка од професорките по француски јазик, Симона Кленоска и Александра Димоска. Прилог кон организацијата дадоа и професорите по албански јазик, Љаргета Лита, англиски јазик Сања Балоска и Елмедина Колоња, француски јазик Мендерес Љумани и германски јазик Рудина Крека Купа.
Настанот започна со свечено обраќање во кое беше истакната важноста на јазиците како средство за комуникација и размена на култури. Потоа, учениците имаа можност да учествуваат во различни игри и активности, кои се одржаа во пријатна и весела атмосфера.
Меѓу највпечатливите игри беа „Музичко столче“, „Игра на јазици“ и „Скокање со вреќи“. За финалето, учениците играа „чудно оро“ на музика од Мајкл Џексон, што дополнително ја раздвижи атмосферата и донесе многу смеа.
„Оваа манифестација не само што e одлична можност учениците да се запознаат, туку и да се забавуваат, учејќи важни животни лекции за вредноста на различноста и културната разноликост“ – велат од организаторите.

StrugaOnline

error: