„Вечер на класичен балет“ вечерва во Охрид
Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи танцовата претстава „Вечер на класичен балет“.
-Оваа претстава не е само уметнички израз, таа е продолжение на традицијатa на најстарата школа за танц со сопствен печат во Македонија, која со години го негува класичниот балет и го пренесува на нови генерации со љубов, дисциплина и страст. Бидете дел од оваа вечер исполнета со грациозност, емоција и уметност, што ја реализираме со поддршка од Општина Охрид, велат од „Соната“.
Претпремиерата на танцовата претстава е со почеток во 18:00 часот и влезот ќе чини 100 денари, додека премиерата е од 19:30 часот за кога влезницата чини 150 денари.
StrugaOnline

