Вечер започнува шестото издание на фестивалот на краток филм „Drim Short 2022“

- Локални
419

Вечер, 06.08. 2022 започнува шестото издание на фестивалот на краток филм „Drim Short 2022“,  и ќе трае до 9-ти август, на „Летна Сцена“ од НУЦК „Браќа Миладиновци“ Струга.

-Оваа година публиката во Струга ќе има можност да погледне филмови во 4те натпреварувачки категории: студентска, регионална, интернационална и специјалната програма „Соочување со минатото“. Покрај вообичаената програма, фестивалот оваа година ќе биде домаќин на уште неколку гостински и специјални програми кои ќе бидат објавени наскоро.-информираат организаторите.

Додаваат дека покрај филмската програма, секако неизбежен дел е и нивниот  филмско-едукативен дел од фестивалот, пропратен со мастер класови, дискусии и соработки, за кои наскоро ќе бидат објавени детали.

И годинава ќе има музичка ОФФ програма, која ќе ги продолжи филмските летни ноќи.

Strugaonline

Facebook Коментари