Лев банер Десен банер

Вечерва, бесплатен концерт во Струга ќе одржи етно составот „БАКЛАВА“

Вечерва  со почеток во 21.00 часот, на Летната Сцена при НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“, концерт ќе одржи етно составот „БАКЛАВА.“ Влезот е бесплатен, а овај проект е овозможен со финансиска поддршка на Министерството за култура на РМ.
„Баклава“  е основана во 2005 година, како резултат на спојот на индивидуалните музички искуства на нејзините членови во различни проекти.


До сега има три различни изданија, од традиционална до светска музика, преработки и авторски песни, мешавина од повеќе јазици и музички стилови. Додека нивниот прв албум „Баклава“ е концертен, „Калемар“ е нивниот прв студиски албум, и е создаден од композиции од самите членови. На третиот албум наречен „Me mankas mucho“ (Многу ми недостигаш),направено е своевидно уметничко преплетување на мелодии од различни народи, култури и религии. По многу настапи, албуми, неколку музички спотови, свој документарец, тие имаат неколку песни и во филмот „Трето полувреме”.
Вообичаено,  на сцена можете да ги видите Елена Христова (вокал), Дејан Сибиновски (деф), Дејан Теодосиевски (виолочело) и Ѓорѓи Клинчаров (тамбура).

„Баклава“ има одржано  успешни концерти во Данска, Шпанија, Франција, Германија, Чешка, Белгија, Романија, Турција, Србија, Италија, а сега овој успешен етно состав  ќе се претстави  и пред струшката публика.

Извор: Strugaonline

error: