Вечерва и утревечер проекции на филмот ,,Сестри“ во Струга

- Локални
675
Во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, на 19-ти и 20-ти април (вторник и среда), со почеток во 19.00 часот, ќе се прикажува македонскиот игран филм „Сестри“. Ова е дебитански филм на Дина Дума, која го напишала и сценариото заедно со Мартин Иванов.
Овој филм ја имал својата премиера на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде во официјалната селекција ја добил специјалната награда од жирито.
Исто така овој филм беше Македонски кандидат за оскар на 94. доделување на оскарите, и првиот македонски филм на „Нетфликс“
-Маја и Јана се неразделни другарки. Јана е таа која води, а Маја секогаш ја прати. Една ноќ на
забава Маја и Јана ја гледаат Елена, најпопуларната девојка во училиштето, како има секс со
симпатијата на Маја, и ја снимаат. Јана ја убедува Маја да го објави видеото онлајн. Видеото
станува вирално и животот на Елена е уништен. Во жестока конфронтација помеѓу трите девојки,
Елена исчезнува. Маја сака да пријави во полиција, но Јана не ѝ дозволува. Маја се бори да најде
храброст и да излезе од токсичното пријателство со Јана и тајната која се заканува да ѝ го уништи
животот.-стои во описот на кратката содржина на филмот.
Влезот е 100 денари.
Strugaonline

Facebook Коментари