Вечерва и утревечер во Охрид ќе се прикажува филмот ,,Си беше еднаш во Србија“

- Локални
423
Вечерва и утревечер во Центар за култура ,,Григор Прличев“ во Охрид ќе се прикажува филмот „Си беше еднаш во Србија“ на режисерот Патар Ристовски и авторот и продуцентот Звонко Шимунец
-„По талкањето низ светот, во 1922 година, двајцата пријатели Дине и Цоне се враќаат во родниот крај, малиот град на југот на Србија. При пристигнувањето во запуштениот Лесковац, Дине го затекнува своето руинирано кино а Цоне сопствениот погреб! По војната, Дине (Немања Оливериќ) по некое чудо ќе се најде во Париз каде што учи за убавините на животот во голема метропола, ги запознава убавите парижанки и го открива новиот медиум – филмот. Цоне (Виктор Савиќ) по ранувањето и амнезијата завршува во Манчестер, тогашната престолнина на индустрискиот развој, каде што ќе научи дека само низ црниот фабрички чад и напорната работа се стигнува до успех.“-стои во описот на содржината.
 Ликови ги толкуваат најпопуларните српски актери: Виктор Савиќ, Слобода Миќаловиќ, Предраг Мики Манојловиќ, Радован Вујовиќ, Немања Оливериќ, Теодора Ристовски и многу други.
Билет чини 100 денари, а почетокот е закажан за 20:00 часот .
Strugaonline

Facebook Коментари