Лев банер Десен банер

Вечерва почнува Вевчанскиот карневал

Со концерти на кои ќе настапат рап-дуото „Пука козметика“, „Влатко Лозаноски бенд“ и „Брас брадрс“, вечерва почнува традиционалниот „Вевчански карневал 2026“ во Вевчани. На сцената вечерва ќе настапи и бендот од Белгија „Ла Мурга Армада“ кој има цел репертоар тесно поврзан со почитување на карневалите.

Централната карневалска поворка ќе се одржи утре. На самиот ден, василичарските поворки тргнуваат низ Вевчани, секоја маала со своја група, свој ритам и свој печат. Неизоставни се Зетот и Нестата, традиционални маски кои го симболизираат животот, плодноста, новиот почеток. Тие не се само улоги – тие се благослов во движење. Со нив доаѓаат Глупи Августи, ѓаоли, а потоа и сите останати маски: свештеници, политичари, митски суштества, ликови од секојдневието и од светските случувања.

На 13 јануари вечерта на програмата е народна музика, каде ќе настапат Благоја Грујовски, Влатко и Златко Миладиновски со оркестарот и за на крај на вечерта Оркестар со зурли и тапани од Вевчани, Перо Бели и групата „Вип“ кои традиционално ќе ги испратат карневалците на изворите.

Манифестацијата завршува утре со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.

StrugaOnline

error: