Вечерва реприза на „Цепенков’N’Roll“ на Детското драмско студио „Драмакидз“

- Локални
215

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, вечерва од 20:00 часот, ќе се одржи реприза на 3-та по ред детска театарска претстава на Детското драмско студио „Драмакидз“ насловена „Цепенков’N’Roll“.

„Цепенков’N’Roll“ е патување низ времето и мудростите на македонската традиција, преку кое ќе направиме мост помеѓу старите преданија и модерната култура. Оваа претстава ги истражува богатствата на македонското усно творештво но со еден свеж и провокативен пристап. Со почитување на традиционалните поуки, нашите млади актери ќе зборуваат и пеат со јазикот на денешницата. Оваа претстава не е само омаж на македонското културно наследство, туку и можност зa децата да ја истражат и реинтерпретираат традицијата, носејќи ја кон иднината. Претставата трае 40 минути. Режисер е Ирена Стеријовска Јончевска, драматургија Ирена Стеријовска Јончевска и Кристина Тодороска Петреска. Улоги Евгенија, Бојан, Ирма, Леона С, Јана, Горазд, Бојана, Наталија, Ангел, Леона П, Марија, Лора, Леа, Матеј, Климент, Софија, Илина, Коста, Борис, Мила, Даријан, Елеонора.

Билетите по цена од 150 денари можат да се купат на билетарата при Центарот.

StrugaOnline

Facebook Коментари