Лев банер Десен банер

Вечерва реприза на претставата „Кумови“ за помош на охриѓанката Бојана Танеска Бонеска

Вечерва, 25-ти октомври 2024 година, Народен Театар Охрид, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе ја репризира претставата „Кумови“ од Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин.

Сите средства кои ќе се соберат од влезниците ќе бидат донирани за нашата сограѓанка Бојана Танеска Бонеска со желба за брзо и успешно опоравување, велат организаторите.

Режија е на Билге Емин а играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев.

Претставата започнува во 20:00 часот, а билетите ќе се продаваат по цена од 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10:00 до 17.00 часот и од 13:00 до 20:00 часот на денот на изведбата.

StrugaOnline

error: