Вечерва со почеток во 19:00 часот во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга, концерт ќе одржи пијанистката Милица Станковиќ.
Mилица е студентка на Музичка академија во Скопје, во класата на професорката Елена Атанасовска.
-Милица Станковиќ е родена на 15-ти јуни 2004 година во Скопје. Таа уште од најмала возраст е во контакт со музиката. На шест годишна возраст се запишува во основното музичко училиште “Илија Николовски – Луј” во класата на проф. Верица Шотаровска и успешно учествува на многу натпревари во и надвор од државата. Во изминатите години, Милица учествува на многу општински, регионални и државни натпревари по пијано и камерна музика, каде има освоено први, втори и трети награди. Во јуни 2019-та година се запишува во средното музичко училиште ,,ДМБУЦ Илија Николовски Луј”. Во месец јули истата година беше дел од фестивалот во Форли – “La Musica Ponte tra i Popoli”. Таму посетува пијано часови кај професорот Pier Luigi di Tera, и е дел од Balkan Orchestra, составен од музичари од различни Балкански земји.
Има учествувано и на италијанскиот интернационален фестивал ,,Sopravista“ и се натпреварува на “All colours of Art” каде ја доби првата награда. Во својата последна година од средното образование учествува на многубројни семинари и ја добива првата награда како солист на интернационалниот натпревар во средното училиште во Ниш, Србија. Оваа пролет учествува на ,,Полихимниа” каде ја добива втората награда, додека со флејтистката Јосипа Василевска во категоријата на камерна музика ја освојуваат првата награда. Милица го заврши успешно средното образование со својот прв соло концерт. Во sептември 2023 година се запишува на факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. д-р Елена Атанасовска“-стои во професионалната биографија на Станковиќ.
На програграмта се дела од Моцарт, Менделсон, Дебиси и Шопен.
Влезот за концертот е слободен.
Strugaonline
Facebook Коментари