Вечерва во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи уметничка работилница на тема ,,Идентитетот во нас луѓето.“
,,Идентитетите кај нас луѓето имаат неколку слоеви, некои привремени и поплитки на површината, други прилично стабилни и многу длабоки. Поврзувањето со привремените плитки идентитети може да доведе до следење кое не е во согласност со нашата внатрешна реалност и оттука до создавање внатрешни конфликти и конфузии. Од друга страна, усогласувањето со вистинскиот идентитет се поврзува со нашите моќи и создава внатрешен мир, доверба и задоволство. За време на уметничката работилница се обидуваме да стапиме во контакт од каде доаѓа нашето чувство за себе и идентитет, за да станеме посвесни за нашиот подлабок идентитет како дел од заедницата.“ -информираат организаторите.
Почетокот е закажан за 19:00 часот во просторијата бр.2 во Центарот.
Strugaonline
Facebook Коментари