Вечерва во Вевчани ќе се одржи изложбата „Вечер на непокорот“

- Локални
21

Од Вевчанските уметници од Вевчани за Вевчани, вечерва ќе се одржи изложбата „Вечер на непокорот“.

– Ве покануваме на една вечер посветена на уметноста, таму каде што боите зборуваат а формите раскажуваат приказни, велат организаторите.

На платното на Вевчани својата креативност ќе ја изложат: Никола Угриноски, Перо Шутиноски, Симун Коруноски, Коста Костоски, Симун Лешоски, Боро Даскал, Кристо Чочороски, Гаврило Парталоски, Ана Чоловиќ Лешоска.

Изложбата ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ во Вевчани.

StrugaOnline

Facebook Коментари