Вечерва започнува 63-то издание на фестивалот ,,Охридско лето“

- Локални
424

Оперската дива, сопранот Анџела Георгиу од Романија заедно со Оркестарот на Националната опера и балет на Македонија и под диригентската палка на Теодорашку Артаманов од Романија, вечерва на Античкиот театар во Охрид  ќе го отвори годинешното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

Анџела Георгиу важи за најгламурозната оперска ѕвезда. Нејзиниот прекрасен глас ја прави сцената блескава секаде каде што настапува по светот. Се вбројува меѓу најдобрите изведувачи во историјата на операта, со исклучителен вокал, техника и длабока драмска и музичка интелигенција

Од вечерва па се до 20 август, љубителите на уметноста ќе имаат прилика да уживаат во 34 концерти, седум театарски претстави,  а програмата ќе биде збогатена и со балет, изложба на фотографии и промоција на книга. „Охридско лето “ ќе биде домаќин на над 1000 уметници од 20-тина земји од светот, Србија, Чешка, Италија, Словенија , Полска , Франција, Турција, Израел, САД, Украина, Шпанија, Црна Гора, Грција, Германија, Романија, Португалија, Египет, Русија,… и секако, уметници од Република Северна Македонија.

Facebook Коментари