Во организација на „Critical Mass Struga“ денеска ќе се одржи настанот ,,Велосипедски ден“.
-Ќе се собереме на градскиот плоштад во Струга во 17:00 часот, и ќе возиме околу градот секој месец по улиците на Струга. Ова е само почеток на традиција што ќе се повторува секој месец.
Целта на оваа активност е да се подигне свеста кај возачите, да се зголеми желбата на граѓаните за велосипедизмот и да бидеме пример за поеколошки град.-информираат организаторите.
Critical Mass е спонтана организација на велосипедисти, што се одржува со години во многу градови низ светот. Велосипедистите се среќаваат во последниот петок од секој месец. Групата прави долг круг по градските улици, славејќи, но истовремено протестирајќи за правата на велосипедистите.
Велосипедистите ќе возаат низ следниве улици- Туристичка, Маркс и Енгелс, Партизанска, Кеј Борис Кидрич, . 15-ти Корпус, Владо Малески, Пролетерски бригади и Боро Хаџиески.
Освен „Critical Mass Struga“, како организатори се јавуваат и Civil Initiative, Struga Eagles,
КАБ Струга и Rupicapra MTB Struga.
Strugaonline
Facebook Коментари