Активисти од здружението „Мозочен удар“ – Охрид во пензионерскиот дом во Вевчани правеа бесплатни лекарски прегледи со цел детектирање на ризик фактори за мозочен удар. Покрај прегледите, жителите на Општина Вевчани имаа можност да се едуциррат за превенција од мозочен удар преку предавањето на д-р Ана Тодороска, а исто така се консултираа со Маја Божиновска Смическа, д-р – специјалист по неврологија.
Акцијата беше дел од проектот „Подобрување на квалитетот и пристапноста на здравствената заштита и социјалните услуги во пограничните региони – КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО (CN1 – S.O 1.2 – SC 001)“ финансиран од Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и С.Македонија CCI 2014 TC 16 I5CB 009.
Strugaonline
Facebook Коментари