Лев банер Десен банер

Вевчанката Евица Попаѓиноска освои четврто место на најстарата и најпрестижна светска конфедерација за фризери С.М.С.-С.А.Т Малта 2025

Минатата недела, вевчанката Евица Попаѓиноска од фризерскиот салон „Ева Марија“ Струга, во Малта постигна извонреден успех на најстарата и најпрестижна светска конфедерација за фризери С.М.С.-С.А.Т Малта 2025.

Натпреварувајќи се во категоријата шишање, таа во силна конкуренција го освои четвртото место. Со овој впечатлив резултат, Евица уште еднаш ја истакна својата креативност, умешност и професионализам, носејќи голема гордост и за себе и за македонската фризерска сцена.

Настанот беше организиран на Светско ниво, каде учествуваа голем број учесници, од кои 26 натпреварувачи од Македонија во сите дисциплини. Учесниците од  Македонија добија неколку места од прво до петто.

StrugaOnline

error: