Вевчанката Лида Даскалоска победи на манифестацијата „Гомлезијада”

- Локални
947

Во селото Годивје, општина Дебрца, се одржа манифестацијата “Гомлезијада” на која присуствуваа голем број жители, гости – роднокрајци, иселеници кои се тука за време на летните одмори, но и странски туристи.

Вевчанката Лида Даскалоска го направи најубавото ѓомлезе за што беше наградена со 10 000 денари. Ратка Крстаноска од Ботун, за освоеното второ место, доби парична награда од 7 000 денари а, за третата наградана Родна Трајческа доби 3.000 денари.

Забавата беше збогатена со настапи на фолклорни ансамбли од земјата и странство.

Истовремено, завршија и активностите од 34-та, по ред, Ликовна колонија “Дебрца – 2018”, чии учесници, за крај, создаваа дела на кладенците во селото Црвена Вода, а потоа им се придружија на славениците во селото Годивје, заедно со градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Извор и фото: OhridNews

Facebook Коментари