Активниот состав на Полициската станица од Општа надлежност и полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата при Секторот за внатрешни работи Охрид, денес и утре ќе извршат вежбовна активност за боево гаѓање.
Според планот, боевото гаѓање ќе се реализира во времето од 08:00 до 12:00 часот, а ќе се изведува со огнено оружје-пиштол и автоматска пушка, на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид.
– Вежбовната активност ќе се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво „Охрид“, ЈЗУ „Здравствен дом“ од Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори“. Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи ќе извршат обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар“ со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом“.
„Се молат граѓаните доколку, во овој временски интервал се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници, информираат од СВР Охрид.“ – апелираат од СВР Охрид
Извор: СВР Охрид
фото: архива
Facebook Коментари