ВИДЕО: Исчистено шеталиштето покрај Црн Дрим по завршувањето на работите на водоводната мрежа
По завршувањето на интервенциите на водоводната мрежа, екипите на ЈП Комунално извршија миење со цистерна на двете страни од шеталиштето покрај реката Црн Дрим, како и на самиот простор на шеталиштето.
Активноста беше реализирана согласно претходните најави, со цел враќање на чистотата и уредноста на овој фреквентен дел од градот по завршувањето на инфраструктурните зафати.
Од ЈП Комунално упатија благодарност до граѓаните и деловните субјекти за покажаното разбирање, трпение и соработка за време на изведувањето на работите.
Надлежните посочуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со активности насочени кон одржување на јавната хигиена и подобрување на комуналните услуги во интерес на сите граѓани.
StrugaOnline

