Викендов ќе се одржи манифестацијата „Највелигденско јајце -Струга 2019“

- Локални
958

Во организација на драмското студио „Миладин“ , годинава по шеснаесетти пат ќе се одржи манифестацијата „Највелигденско јајце -Струга 2019“. Право на учество имаат сите лица без разлика на пол и возраст. Јајцата (експонатите) треба да бидат во духот на православието и да доминира црвената боја. Експонатите треба да се достават најдоцна до утре, 4-ти мај, до 14:00 часот кај Ристе Миладин. За најдобрите предвидени се награди.

Истиот ден, од 12:00 часот, во Центар за култура „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи отворена работилница. Во недела, на 5ти мај со почеток во 19:00 часот ќе биде отворена изложба на експонатите, а потоа ќе следува беседа на Стефан Санџакоски. Во рамки на програмата ќе настапи детскиот хор „Калистрат Зографски“. Свој настап ќе имаат и членовите на драмското студио „Миладин“ со „Воскресението-Вечен живот.“

За крај на оваа традиционална Велигденска манифестација ќе бидат доделени и награди за најдобрите.

Strugaonline

 

 

 

Facebook Коментари