Викендов во Струга ќе се спроведат финалните проектни активности во организација на Кајак кану клубот ДРИМ 

- Локални
810

На 23-ти септември со почеток во 10ч. на „Машка Плажа” во Струга ќе се одржи Еколошка работилница за сите заинтересирани посетители на настанот. Потоа следи Еко-регата во која учество земаат сите поединци кои поседуваат опрема за веслање (СУП, кајак, кану). Ќе се чисти крајбрежниот појас на Охридското езеро и реката Дрим, а победник е оној кој ќе собере најголема количина на отпад за зададено време.

Предвидени се и Мини обуки за управување на кајак за сите заинтересирани посетители на настанот, а спроведени од професионални тренери од Србија, Хрватска, Бугарија и Македонија.

Во недела, на 24-ти септември со почеток во 10ч. од Maшка плажа во Струга ќе се одржи Меѓународна натпреварувачка кајак регата. Учесници во регатата се кајак клубови од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија.

Strugaonline

Facebook Коментари