Викендов во Струга премиера на претставата ,,Инсомнија“

- Локални
404
На 15.12.2023г.(петок) и 16.12.2023 (сабота), со почеток во 19:00 часот во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга (од јужниот влез), премиерно ќе се одржи првата професионална претстава во продукција на струшкиот Центар за култура, а со финансиска поддршка од Министерство за култура.
Оваа монодрама e по текст на стружанецот Димитрие Дурацовски, во режија на Мирослав Петковиќ, асистент на режија Мишо Димитриевски – Шипе, сценограф и костимограф Билјана Гулеска и инспициент Бојан Секулоски.
Игра: Александра Пeшевска
Музика: Томислав Темелкоски
Драматургија: Јаков Попоски, Ѓорги Крстески, Ненад Јолдески
Видео анимација: Емил Пачковски
Аудио и микс: Boiling point (Марко Стојковски и Бојан Топалоски)
Техничка и организациска поддршка: Лидија Мојсоска, Дарко Карбески.
Инсомнија од Димитрие Дурацовски е книга која доколку ви падне во рацете нема да останете сиромашни со знаење и пред се со инспирација. Претставата Инсомнија инспирирана од романот Инсомнија е мој, личен, порив да се соочам со своето животното искуство до сега. Мое највозбудливо соочување пред се затоа што се искажува преку мислата на Димитрие Дурацовски. – изјави режисерот Мирослав Петковиќ.
Билетите кои се во строго ограничен број, чинат 400 денари, можат да се набават во просториите на Центарот за култура или со претходна резервација на тел. број 046786131 од понеделник во 8:00 часот до 16:00 часот.
Strugaonline

Facebook Коментари