Виолинистката Марија Џуклеска вечерва ќе одржи концерт во Охрид

- Локални
339

Во концертната сала на ОМУ „Методи Патче“ во Охрид,  вечерва со почеток во 19:00 часот ќе се одржи матурски концерт на виолинистката Марија Џуклеска.

Марија Џуклеска започнува да свири виолина на шест годишна возраст. Своето основно музичко образование го поминала во ООМУ,,Методи Патче,,Охрид во класата на Проф.Елица Рашкова. Средното образование го завршуви во ДМУ ,,Тодор Скалоски-Тетоец,, – Струга во класата на Проф.Милена Марковска.

Добитник е на бројни награди на државни и реномирани меѓународни натпревари меѓу кои се истакнуваат: Меѓународниот натпревар „Петар Коњовиќ“ во Србија и натпреварот „Еутерпе“ во Италија. За време на своето образование посетувала семинари на еминентни професори по виолина како Михаил Фришеншлагер – Австрија, Марио Хосен – Бугарија/Австрија, Мичо Димитров -Бугарија/Холандија, Владимир Марковиќ – Србија, Марино Чадо – Македонија. Учесник е на бројни концерти и музички академии во и надвор од државата.

Годинава настапи како солист со Македонската филхармонија во проектот „Младите доаѓаат“ под диригентската палка на маестро Ангел Спироски.

Влезот за вечерашниот концерт е слободен.

Facebook Коментари