Виолинистoт Џулијан Рахлин и Македонската филхармонија вечерва ќе го отворат фестивалот ,,Охридско лето“
Со концерт на светски познатиот виолинист од Литванија Џулијан Рахлин придружуван од оркестарот на Македонската филхармонија, вечерва на Античкиот театар во Охрид ќе започне 64-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

-Годинава за Свеченото отворање на Античкиот театар ви најавувам грандиозен концерт со светски познатиот виолинист од Литванија, Џулијан Рахлин, еден од највозбудливите и најпочитуваните виолинисти кој ја маѓепсува публиката низ целиот свет со неговиот исклучително богат звук, беспрекорна изведба и маестрална интерпретација, изјави директорката на фестивалот, Наташа Поповиќ.
За годинава се најавени над 500 уметници од 24 земји. Уметничката програма конципирана од селекторката Бисера Чадловска и Сања Арсовска ќе донесе 36 неповторливи доживувања од кои најголемиот дел од областа на класичната музика, шест театарски креации, и по една изложба и промоција на книга.
Strugaonline

