Владо Бадалоски е нов претседател на Месна заедница-Ложани
Во организација на Одделението за соработка со месни заедници при Општина Струга, а со масовен одзив на граѓаните на село Ложани, избран е нов Совет и нов претседател на месната заедница во селото.

Претседател во наредните четири години ќе биде Г-дин Владо Бадалоски, кој беше избран едногласно, како и 10 членови на месната заедница. -информираат од Одделението за соработка со месни заедници при Општина Струга.
StrugaOnline

