ВМРО-ДПМНЕ-Струга: Светлината на Христовото раѓање нека ни биде водилка за успех

- Локални
861

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ- Струга, на сите православни христијани им го честита големиот христијански празник, Рождество Христово-Божиќ и им посакува овие празнични денови да ги поминат во мир, радост, среќа и благосостојба.

Да ги следиме традиционалните христијански вредности, а тоа се: хуманост, љубов и толеранција кон нашите најблиски, кон нашите пријатели и сограѓани. Светлината на Христовото раѓање нека ни биде водилка и патоказ кон среќата и успехот во животот.Нека ни дава сила да издржиме во овие тешки времиња и да ја сочуваме нашата татковина, во добро здравје и успех за сите нас. Нека ни е честит и вековит празникот Рождество Христово-Божиќ и за многу години! Христос се роди!“ – велат од струшкиот општински комитет на ВМРО ДПМНЕ.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари