ВНИМАНИЕ! Започна поставувањето на сцените за Струшки вечери на поезијата

Започна поставувањето на сцените за потребите на фестивалот Струшки вечери на поезијата. Активностите се одвиваат на Мостот на поезијата, плажа Галеб и на влезот на Дом на култура.
Тимот на Струшки вечери на поезијата ги моли граѓаните на Струга, како и посетителите од надвор, да бидат внимателни при движење на назначените локации, поради опасност од повреди. Ќе се поставува техничка опрема, што може да предизвика опасност од струен удар.
StrugaOnline

