Охрид оваа пролет ќе биде центар на иновациите и претприемништвото. Oд 25-ти до 27-ми април 2025 година ќе се одржи Techstars Startup Weekend Ohrid.
Овој глобален концепт, кој инспирира илјадници претприемачи што се во почетна фаза ширум светот, трет пат по ред се случува и во иновативниот Охрид, нудејќи тридневно интензивно искуство за сите оние кои сакаат да ја трансформираат својата бизнис идеја во реалност.
Techstars Startup Weekend е уникатен настан каде учесниците-програмери, дизајнери, маркетери и млади претприемачи, ќе имаат можност да работат на развој на свои стартап идеи, водени од искусни ментори и експерти од индустријата. Преку брз и динамичен процес, тимовите ќе развијат прототипи, ќе тестираат концепти и ќе ја презентираат својата финална идеја пред жирито во недела навечер.
– Startup Weekend е совршена можност за секој што сака да направи разлика, без разлика дали е студент, професионалец или ентузијаст за технологија и иновации. Охрид, со својата уникатна енергија и потенцијал, е совршена локација за развој на стартап заедницата, потенцираат организаторите.
Настанот ќе се одржи во просториите на ко-организаторите на овој настан односно во Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ и ќе биде отворен за сите што сакаат да учествуваат.
StrugaOnline
Facebook Коментари