Во центарот на Струга ќе се гради подземна гаража

- Локални
831

Општина Струга започнува постапка за изградба на подземна гаража во самиот центар на градот. Според најавите, таа ќе се гради со јавно-приватно партнерство, а ќе биде со капацитет од 500 места. Со новиот урбанистички план, предвидено е паркинг објектот да биде на два ката, лоциран на просторот пред зградата на Општината, од плоштадот Мајка Тереза под градското шеталиште до хотелот „Дрим“.

Според градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, со овој проект ќе се намали метежот низ градот и ќе се реши долгогодишниот проблем со недостиг на паркинг места.

„Ова ќе биде еден вреден објект кој ќе остане за граѓаните на Струга. Приватниот партнер ќе го користи толку време колку што дозволува Законот за јавно-приватно партнерство во земјава“, изјавил Мерко за ,,Сакам да кажам“.

Целиот текст можете да го прочитате на следниов ЛИНК
Извор: sdk.mk

Facebook Коментари