Лев банер Десен банер

Во центарот на Вевчани ќе се гради детско игралиште

Тимот на Општина Вевчани започна со уредување на просторот во центарот на Вевчани. Тука ќе се гради детско игралиште.
-Местото досега беше ругло и депонија, претставуваше опасност за најмладите кои се движеа на овој простор. За кратко време, тука ќе никне детско игралиште со урбана опрема каде најмладите вевчанчиња ќе се дружат и забавуваат.- вели градоначалникот Сашо Јанкоски.
Во свое лично име и во име на Општина Вевчани, Јанкоски изрази благодорност до Отец Зоран Попоски и МПЦ бидејќи од нив добил дозвола за реализација на оваа идеја, бидејќи конкретната парцела е во нивна сопственост.
Активностите на терен ги изведува ЈП ,,Еремија“ Вевчани.
Strugaonline

error: