Во четврток хуманитарна забава за нашиот Ангел во мезе бар Барабар
Во четврток ќе се одржи хуманитарна забава за нашиот Ангел Донески, кој неодамна возејќи точак на вело тура во Италија, доживеа пад и се наоѓа на лекување во една италијанска болница.
Забавата ќе се одржи во четврток, 24.07.2025 година во мезе бар Барабар, за забавата е задолжен ДЏ Аце, а информации и карти по цена од 300 денари можат да се набават во фризерски салон „Цацан“ телефон 078 449 419 и директно во Барабар или на телефон 071 319 075.
–Бидете дел од забавата, бидете хумани. Сите средства ќе бидат донирани за помош на Ангел Донески, информираат организаторите.
StrugaOnline

