Лев банер Десен банер

Во четврток во Охрид хуманитарна забава за лицата со ретки болести

Волонтерите од Клуб на млади при охридскиот Црвен крст во соработка со младинската заедница од СОСУ  ,,Св. Кирил и Методиј” поддржани од Здружението за ретки болести активно се вклучуваат и во овогодишната кампања за поддршка налицата со ретки болести.
-За да се соберат финасиски средства за поддршка на лицата со ретки болести, ве покануваме на хуманитарна забава која ја организираат младите со музички таленти од нашите средни училишта-велат организаторите .
Забавата ќе се одржи во четврток, 29-ти февруари во кафе бар ,,Шила“ со почеток во 20:00 часот. Влезница чини 100 денари.
Доколку некој сака се пријави за настапување со група, може да се пријави преку порака на Facebook страницата  на Црвен крст-Охрид.
Strugaonline

error: