Во четврток во Охрид ќе се одржи „Охридски џез фестивал“

Охридскиот џез фестивал ќе биде отворен со концерт на Горан Папаз и Ансамбл Билјана а како гости на истиот ќе се појават, гитаристот Танче Гроздановски и перкусионистот Ратко Даутовски.
Концертот ќе биде на 31.08 во предворјето на црквата Св. Софија во Охрид со почеток од 20:30 часот.
На вториот ден од фестивалот кој ќе се одржи на 01.09 исто од 20:30 часот, концертно ќе се претстави Џон И. Апелгрен со неговиот квартет.
Со овој фестивал, Општина Охрид како никогаш до сега ја збогатува туристичката понуда со квалитетни настани и манифестации.
Влезот е слободен за сите љубители на добрата музика.
StrugaOnline
