Во деловни објекти во Дебарца полицијата заплени 3963 парчиња пиротехнички средства

- Локални
557

На 23.12.2020 година, при претрес извршен во деловни објекти во селата Белчишта и Злести-општина Дебарца, сопственост на Г.С.(46) од кичевското село Србјани, полициските службеници пронајдоа вкупно 3963 парчиња различни видови пиротехнички срества. Истите се одземени и по целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Извор: СВР Охрид

фото: aрхива

Facebook Коментари