Во „Јахја Кемал“ – ден посветен на македонскиот јазик и култура

- Локални
194

Во „Јахја Кемал“- Струга од 16.12.2024 до 20.12.2024 се организираа низа активности насловени како „Недела на јазиците“ каде беа претставени македонскиот јазик и литература, а воедно и македонската традиција и култура.

Учениците од основното и средното училиште преку бројни проекти го претставија развојот на македонскиот јазик и литература преку Мисирков и Блаже Конески до денес.

Тие истовремено ја испочитуваа и македонската историја, македонската носија и традиционалната вкусна македонска храна на која никој од гостите не остана рамнодушен, се вели во информацијата од училиштето „Јахја Кемал“ Струга.

StrugaOnline

Facebook Коментари