Лев банер Десен банер

Во јуни Струга ќе биде домаќин на Европска конференција за религиозен диалог и соработка

Во просториите на Општина Струга, градоначалникот Рамис Мерко оствари средба со претставници од Филозофскит факултет и во рамки на Центарот за интеркултурни студии и истражувања, Проф.д-р Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет во Скопје, проф.д-р Наташа Станојковска-Трајковска, продекан за финансии, инвестиции и развој и проф.д-р Татјана Стојановска-Иванова, кои организираат European Conferences for Religious Dialogue and Cooperation.
 Second European Conferences for Religious Dialogue and Cooperation , ќе се организира во Струга (хотел Дрим) од 13.06. до 16.06.2022 година. Целта на ваквиот тип Конференции е можност да бидат на едно место сите релевантни истражувачи и аналитичари кои се занимаваат со општествениот феномен на религијата од сите земји во Европа. На Конференцијата се очекува учество на околу 150 учесници од сите држави во Европа.Организацијата на еден ваков настан допринесува за промовирање на нашата држава како земја на препознаени механизми на религиски дијалог и соработка, а Општина Струга ќе го поддржи овој грандиозен настан.-информираат од Општина Струга.
Strugaonline

error: