Во тек е реализацијата на годишната програма на НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ – Струга, одобрена и поддржана од Министерство за култура за 2025 г. од областа на музејската дејност.


Археолошките ископувања ги спроведува мал истражувачки тим, под раководство на виш кустос Бојан Танески. Истражувањата се вршат врз основа на сознанијата добиени со геоскенирање на просторот, спроведено во 2023 година, како почетна фаза на овој проект.

-Во двете сонди кои ги поставивме јужно и северно од црквата откриени се повеќе христијански погребувања, со наоди кои помагаат за датација на истите (бронзен прстен, копчиња, неколку наушници), но и 4 цврсто градени ѕидови, од делкан камен и малтер, чие понатамошно истражување ќе покаже на каков тип на градба припаѓаат, информираат од НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ – Струга.
StrugaOnline
Facebook Коментари