Во недела (27. 07. 2025) година, кога се празнува светиот апостол Акила и преп. Никодим Светогорец, а по повод 125 години од возобновувањето на храмот Св. Јован Крстител во с. Мислешево ќе се отслужи света архиерејска Литургија во истоимениот храм, со која ќе чиноначалствува архиереј Митрополитот г. Георгиј.

Во 07:30 ќе започне Утрената Богослужба, во 08:45 пречек на архиерејот а од 09:00 ќе започне Литургијата.
Литургија ќе се богослужи единствено само во храмот Св. Јован Крстител во с. Мислешево.
StrugaOnline
Facebook Коментари